6 едноставни вежби кои го подобруваат варењето на храната и го намалуваат стомакот
Вишокот килограми не е секогаш резултат на прејадување или неактивен начин на живот.
Многу често се случува масните наслаги да се наталожат околу стомакот заради неправилното варење на храната.
Во тој случај, се појавува чувство на тешкотија, замор, постојана потреба за одмор и сон.
Овој проблем можете да го решите со редовна физичка активност и тоа со вежби кои се специјално осмислени за да го подобрат варењето на храната, а со тоа и намалувањето на вишокот наслаги околу стомакот.
1. Свиткување
Седнете на подот и испружете ги нозете. Свиткајте го десното колено, завртете се настрана и фиксирајте го со левата рака. Полека почнете да се вртите надесно, до точка до која се чувствувате удобно и задржете се во оваа положба 30 секунди. Истото повторете го и со левото колено.
2. Лесно чучнување
Застанете исправено со нозе раширени во ширина на рамената. Подигнете ги рацете нагоре и држете ги исправени, над главата. Лесно чучнете, додека сте уште во воздух, како да се обидувате да седнете на стол.
Останете во оваа положба 1 минута. Дишете длабоко, водејќи сметка рамената да ви бидат исправени.
3. Свиткани колена до градите
Легнете на грб и опуштете се. Длабоко вдишете и повлечете ги колената кон градите, опфаќајќи ги со рацете. Полека подигнете ја карлицата нагоре и задржете се во оваа состојба 1 минута. Дишете рамномерно.
4. Исчекор
Направете голем исчекор напред со десната нога, а левата држете ја права без да ја свиткувате. Ставете ги рацете зад грбот и исправете ги, така што грбот ќе го свиете благо наназад.
Задржете се кратко во оваа положба и повторете ја оваа вежба со левата нога. Со секоја нога направете по 5 повторувања.
5. Мост
Легнете на грб, свиткајте ги колената и добро потпрете се со стапалата на подот. Подигнете ги колковите, држејќи ги рацете право испружени на подот со споени дланки. ,
Останете во оваа положба 1 минута. Дишете длабоко со полни гради.
6. Нозе кренати високо нагоре
Легнете на под и подигнете ги нозете нагоре. Држете ги исправени, потпирајќи се на грбот, а рацете нека бидат испружени покрај вас со дланките свртени кон подот.
Останете во оваа положба 1 минута, внимавајќи дишењето да ви биде рамномерно.
М. С. | Црнобело