Ако можам јас, може секоја мајка: Упорна жена со 2 деца ослабела 28 килограми и станала бодибилдерка
Лаура Даргавил има 29 години и како повеќето мајки живеела со вишок килограми, незадоволна од својата линија на телото. Барем до пред неколку години.
Лаура тежела 83 килограми и се опишувала себеси како нормална мајка која денот го поминувала фокусирајќи се на новата улога и нејзините деца и сопруг.
Но, кога нејзиниот партнер на кратко се отселил од дома, таа морала да најде работа. Тогаш за првпат се фокусирала на себе.
Тогаш започнала и физички повеќе да се грижи за себе.
„Никогаш претходно немав стомачни мускули, дури ни пред да родам деца. Па, си мислев како некој може да ги има после две бремености? Сега верувам дека само ограничувањата кои самите си ги поставуваме нè водат кон неуспех.“
Кога ослабела 18 килограми и напорно вежбала, открила дека е бремена по вторпат.
По раѓањето на второто дете, си поставила нова цел - бодибилдинг.
Само 13 месеци по раѓањето на своето второ дете, Лаура изгубила 28 килограми и победила на фитнес натпревар за бодибилдери жени.
Моментално тежи околу 55 килограми и сè е во мускули.
„Ако успеав јас, секоја мајка може да успее“ е пораката на оваа упорна жена и мајка.
М. Д. | Црнобело