Храна заради која вежбањето ќе биде поефикасно
Не смеете да тренирате и вежбате на празен желудник, но исто така, морате и да внимавате каков тип на храна ќе внесете во организмот пред и после вежбањето.
За да биде поуспешен тренингот, морате да внимавате...
Ако вежбате рано наутро, најдобро е да јадете во рокот од 30 минути по будењето за веднаш да го забрзате метаболизмот.
Комбинацијата од овесна каша со банана е одличен избор, бидејќи ќе му даде на телото доволно енергија, а ќе можете да вежбате без мачнини и проблеми.
Ако преферирате да вежбате попладне, јадете нешто полесно како јаболко или некој млечен оброк.
Откако ќе завршите со вежбање, најдобро е да го нахраните организмот, 30-на минути по завршувањето на вежбите, за да согорувате повеќе.
Белото месо, бадемите и протеинските шејкови се секогаш добра опција.
Не заборавајте да пиете вода додека вежбате.
Н. Г. | Црнобело