Кои се единствените вежби кои треба да ги правите за време на бременоста?
Често на социјалните мрежи можеме да забележиме фитнес ѕвезди кои вежбаат и креваат тегови дури и за време на бременоста, но тоа со себе си носи свои опасности, не само за идната мајка, туку и за бебето.
Сепак, тоа не значи дека целосно треба да заборавите на вежбањето за време на бременоста. Вежбите можат да ви помогнат да се ослободите од болките во грбот и породувањето да оди полесно.
Ако имате зелено светло од вашиот доктор, тогаш можете да вежбате полесни вежби кои ќе ви помогнат да се одржите во форма и по породувањето полесно да се вратите во форма.
Што во ниту еден случај не смеете да вежбате?
1. Не смеете да вежбате вежби кои се концентрираат на стомачните мускули, односно да правите стомачни.
2. Не смеете да лежите на вашиот стомак, не само затоа што е неудобно, туку и си создавате потенцијален ризик за бебето.
3. Не смеете да стоите мирно, односно не смеете да практикувате вежби кои ве тераат мускулите да ги држите во мирна положба.
За да бидете сигурни дека вежбате правилно за време на бременоста, потребно е да го погледнете ова видео кое е направено од бремена инструкторка на Physique 57:
1. Искривување со колената
2. Мрдање на колковите
3. Истегнување на грбот
4. Поединечно подигнување на нозете
5. Движење на колковите со подигнат задник
6. Странично допирање на нозете
Н. Г. | Црнобело