Истражување открива: Доволни се само 10 минути вежбање дневно
Постојат толку многу изговори зошто уште во моментов наместо да го читате ова, вие би требало да сте во салата за вежбање, а „немањето време“ е едно од нив.
Но, едно ново истражување од МекМастер Универзитетот во Хамилтон, Онтарио открива дека само 10 минути вежбање со висок интензитет ги има истите бенефиции како 45 минути од нормално вежбање.
Ова 12-неделно истражување вклучувало 27 физички неактивни мажи кои биле поделени во 2 групи: спринт интервали (SIT) и континуирано вежбање со среден интензитет (MICT).
SIT групата правела 3 спринтови на велосипед во времетраење од 20 секунди, 2-минутно загревање и 3 минути одмор – вкупно 10 минути. Додека, MICT вежбале 45 минути со умерено возење велосипед, со 2-минутно загревање и 3-минутен одмор.
Истражувачите откриле дека без разлика на драматичната разлика во времетраењето, резултатите се неверојатно слични кога станува збор за кардиолошкото здравје и инсулинот.
Многу луѓе тврдат дека главна причина за нивната физичка неактивност е дефицитот на време. Токму затоа, кратките вежби со висок интензитет и кои ги активираат скоро сите делови од телото се најефикасни.
Затоа, наместо да се терате себеси да поминувате по половина час возејќи велосипед со умерено темпо, забрзајте ги нештата и дајте си 10-минутно напорно возење.
Така, гарантирано ќе ги добиете истите резултати. А, ова е можеби најдобрата вест која сме ја слушнале досега. Вреди да се проба?
С. С. | Црнобело