Какви вежби најмногу ви одговараат според обликот на телото?
Можеби знаете колку сте високи и колку тежите, па и кој е вашиот конфекциски број, но дали знаете на кој тип телесна градба припаѓате? Според научниците сите луѓе можат да се поделат на три групи според телесната градба.
Поголемиот дел од луѓето се мешавина од два типа на градба, а тоа може да ви помогне во одредувањето на вежби и исхрана кои најмногу ќе ви користат.
Постојат ектоморфни, ендо морфни и мезоморфни типови на градба кои се идентификувани уште во 1940-та година од страна на докторот Вилијам Шелдон.
1. Ектоморфен тип
Овој тип има потесна телесна градба, вклучувајќи ги и рамениците, градите и коловите. Исто така, имаат и низок процент на масти, но и слабо развиени мускули.
Тешко се здебелуваат. Најчесто се високи и слаби. Покрај тоа, најчесто имаат издолжено чело и лице.
Најдобро им одговараат вежби на издржливост на долги патеки како трчање, возење велосипед, пешачење и фудбал. Исто така, добри се во гимнастика, уметничко лизагање и балет.
2. Мезоморфен тип
Овој тип на луѓе имаат мускулесто тело односно, се атлетски градени дури и тогаш кога воопшто не вежбаат или се занимаваат со некој тип на спорт.
Имаат пошироко торзо со силни раменици, но и истакнат струк. Како и првите, така и овој тип на луѓе немаат многу маснотии во телото, но затоа пак, имаат поголема телесна маса и мускули.
Идеални спортови се оние кои бараат сила на кратки растојанија, но им одговара и пилатес и јога.
3. Ендоморфен тип
Имаат облини, во торзото се еднакво широки како и мезоморфниот тип, но колковите и бутовите им се пошироки, а рамениците потесни.
Имаат поголем процент на маснотии во телото и многу лесно се дебелеат. Покрај тоа што имаат изразени облини, тие имаат и заоблено лице.
Најдобар облик на вежби за овој тип се комбинација од кардио тренинг и со примена на сила, мускулите им се зајакнуваат со дигање на тегови.
Н. Г. | Црнобело