Тешко ви е да вежбате? Овој 61-годишен дедо нема изговори и затоа има совршени стомачни
Еден дедо од Кина може слободно да ги засрами повеќето млади луѓе со неговата мускулеста градба и фит тело, а доказ за тоа се онлајн фотографиите кои ја покажуваат неговата импресивна градба.
Лианг Ксијанг од Ченгду, Сечуан, во југозападниот дел на Кина, има 61 година, а неодамна ги разбранува социјалните мрежи, најпрво во Кина, а потоа и низ целиот свет заради неговите стомачни мускули и вежбањето кое стои зад нив.
Неговата желба е да стане најстариот кинески возач на релито во Дакар.
Откако заработил доволно преку неговиот бизнис, Ксијанг започнал да се занимава со возење, но сфатил дека неговата физичка градба не му дозволува да биде подобра.
Така започнало неговото 10-годишно вежбање и процесот на стекнување на неверојатно мускулесто тело.
Н. Г. | Црнобело