Вежби за раце, стомак и задник за кои ви требаат само 3 минути
Со повеќе од 4 милиони обожаватели, Кајла Итсинес е една од најпопуларните тренери на Инстаграм.
Оваа Австралијка смислила режим на вежбање за кој се потребни само 3 минути дневно, а со кој постигнува затегната половина како и затегнати мускули на рацете и стомакот.
Нејзиниот режим се состои од 2 вежби:
1. Двојни клекнувања
Застанете со раширени стапала во висина на рамениците т.е. со малку раздвоени прсти кон надворешната страна. Испружете ги колковите кон зад вас и полека виткајте ги колениците, па почнете да се спуштате надолу со задникот.
Сега, делумно испружете ги нозете за задникот да се подигне неколку сантиметри кон горе. Направете 10 серии.
2. Направете склекови со скокање
Клекнете, поставете ги дланките на земјата, а нозете брзо зафрлете ги назад, така што ќе се најдете во позиција за изведување склекови. Вратете се во првобитна положба, а потоа исправете со испружени раце над главата. Повторете ја оваа вежба.
Наместете тајмер на 3 минути па секој ден во 180 секунди изведувајте ја оваа вежба. Погледнете го видеото како вежба тренерот Кајла Итсинес.
С. С. | Црнобело