3-годишно дете со стомачни мускули како на возрасен човек (фото)
Ова мало момче можеби има само три години, но веќе претставува вистинска фитнес инспирација која на својот Инстаграм профил покажува нешто повеќе од само кревање на тегови и вежбање.
Малата ѕвезда не е како секоја „обична“ ѕвезда со Инстаграм профил посветен на фитнесот. Деш Мегер дури и на своите 3 години веќе има изразено мускулесто тело и стомачни.
„Првпат забележав дека Деш има стомачни мускули пред 6 месеци кога го пресоблекував“ – вели Урсула, мајката на малото мускулесто дете.
„Ги извиши нозете нагоре и морав да му испратам фотка на татко му прашувајќи го дали го гледа истото што го гледам и јас“ – објаснува таа.
Малото дете не било секогаш така мускулесто – докторите предвидувале дека ќе се роди две недели порано, но наместо тоа се родило две недели подоцна, тежело 4,5 килограми и понатаму продолжува да пркоси на очекувањата.
Н. Г. | Црнобело