Тренинг со Ирина Шајк: 7 вежби за цврсто тело за кои не ви треба опрема

Ирина Шајк, како еден од најуспешните модели на денешницата, вели дека заради патувањата и обврските не секогаш има време да оди во теретана за да го одржи своето тело во топ форма.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-001.jpg

Дури и да не сте врвен светски модел, сигурно го имате истиот проблем.

Затоа, таа открива 7 вежби за зацврстување на телото кои редовно ги практикува во хотелската соба, а вие можете да си ги правите дома.

Не ви треба опрема, што е уште еден огромен плус.

1. Потпрете ги рацете на ниска масичка и истегнете ги нозете. Застанете на прсти. Наизменично кревајте ги рацете, насочувајќи ги кон плафонот. Повторете 15 до 20 пати.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-1


2.
Свретете се обратно, со грбот накај масата и потпрете се на рацете. Нозете поставете ги под агол од 90 степени и наизменично кревајте ги, подвиткани кај колениците. Повторете 15 до 20 пати.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-2


3.
Земете една перница заради баланс и застанете цврсто на едната нога, близу до креветот. Другата нога кренете ја колку што можете повисоко. Правете мали поткревања. Повторете 15 до 20 пати.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-3


4.
Исправете се од претходната положба и овојпат перницата држете ја во линија со градите. Поткревајте се и спуштајте се така што и двете нозе ќе ги виткате кај колениците. Повторете 15 до 20 пати.

 trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-4


5.
Правете половични чучнувања со исправени раце, 15 до 20 пати.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-5


6.
Легнете на кревет. Едната нога превиткајте ја кај коленото и потпрете ја на другата. Со рацете фатете ја исправената нога и подвиткувајте ја кај коленото. Повторете 15 до 20 пати. Потоа променете ја страната.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-6


7.
За оваа вежба потребен ви е еден пешкир. Ставете го на стапалото, исправете ја ногата во воздух и со помош на пешкирот движете ја странично. Направете 15 до 20 повторувања, а потоа со другата нога.

trening-so-irina-shajk-7-vezbi-za-cvrsto-telo-za-koi-ne-vi-treba-oprema-7

Би можело да ве интересира:

Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg