Добила плочки на стомакот за 6 недели, без да се откаже од сланина и сладолед
Вистински хит е новинарката Сара Малм, која „случајно“ добила плочки на стомакот, а не се откажала од омилената сланина, алкохолните пијалаци, ниту сладоледот.
„Го започнав овој проект како на шега. Напишав статија за фитнес предизвик кој промовира агресивни вежби. Победникот ќе биде оној кој ќе добие најдобри стомачни до април, а губитникот плаќа вечера. Всушност, идејата ми ја предложи мојот пријател Зејн.
Искрено, најголем проблем ми беше храната, затоа што обожавам сланина и затоа што често излегувам верувам дека не би можела да се откажам од моите вкусни коктели.
Сепак, за да си помогнам во изградбата на мускули секој ден пиев протеински шејк, а месото го подготвував на ладно цедено органско масло од кокос.
Тренирав 4 дена неделно, но за разлика од порано бев посебно фокусирана на вежбите за стомак.
Еднаш неделно имав ден за изневерување, кога излегував со пријателите до рано наутро со по едно шише џин и текила.
Исто така, тие денови ги јадев и оние забранети работи, како на пример голема порција карбонара, сладолед и чоколадо. Сепак, останатите денови се придржував со правилата и избегнував јаглехидрати по утринскиот оброк.
Од мастите, користев исклучиво кокосово масло.
Што се однесува до вежбите, на кардио справите се задржував 10тина минути, а потоа преминував на тегови и стомачни. Секој тренинг го завршував со 15-минутно возење велосипед.
Поддршката на Зејн ми значеше многу, верувам дека постојано се мотивиравме еден со друг. Сега кога предизвикот заврши, знам дека вредеше. Моето тело е стегнато, цврсто и се чувствувам фантастично.“