Ако имате слаба циркулација, решете го проблемот за 20 минути!
Доколку постојано ви се студени рацете и нозете и имате слаба циркулација на крвта во телото, доволни ви се само неколку вежби со кои ќе ја подобрите, а телото ќе го одржите во добар тонус и кондиција.
Може дома да правите вежби за истегнување или склекови во период од 15 до 20 минути дневно, надвор да возите велосипед или да посетите некој базен и да пливате барем 1 час.
На работното место исто така може да правите некои вежби со вртење на зглобовите на нозете и рацете, ослободување на вратот или раздвижување.
Потрудете се да имате рутина, по станувањето да правите петминутно масирање. Почнете од ушните школки, па ушните ресички и завршете со зглобовите и листовите.
Стручњаците препорачуваат неколку вежби со кои значајно може да се подобри циркулацијата, а телото ги одржува тонусот и кондицијата.
1. Истегнување
Наутро не станувајте веднаш, туку прво добро истегнете ги рацете и нозете.
2. Размрдување на зглобовите
Вртете ги шаките за да ги размрдате зглобовите. Додека стоите, застанете на прсти и спуштајте се на петите, чувствувајќи како ви се затегнуваат мускулите. Повторете го ова најмалку 10 пати.
3. Вежби за вратот
Вртете ја главата полека лево-десно броејќи до 10. Потоа вртете ја во круг, а вежбите завршете ги со спуштање нa главата до градите. Ако слушнете напукнување во вратот не се грижете, тоа е знак дека правилно ги правите вежбите и дека успешно ги размрдувате лигаментите на вратот.
4. Склекови
Пред утринското туширање, направете серија од 10 склекови. Тоа ќе ви ја даде потребната сила која ви е неопходна во текот на денот.
5. Подигнување пета - прсти
Вежба со наизменично подигнување на прсти и спуштање на пета е добра за пумпање крв во нозете кога ќе почувствувате грч, пецкање или болка.
Седнете со колената под агол од 90 степени во однос на подот. Потоа подигнете ги прстите на подот. Повторувајте ја вежбата со едната нога, па со другата. Потоа обидете се да работите со двете нозе во исто време, за на крај да завршите со вежбата преку наизменично подигнување прсти-пета.
6. Кружење со стапалата
Додека седите на столче, свртете го стапалото во насока на стрелките на часовникот 10 пати. Тоа ќе ви ја зголеми флексибилноста и дотокот на крвта во нозете. Веднаш ќе почувствувате подобрување на циркулацијата и флексибилноста во нозете.
7. Вежби за шаките
Истегнете ги и раширете ги прстите на рацете. Стиснете ја шаката и држете ја неколку секунди, па повторно раширете ги прстите. Тоа ќе ги спречи грчевите и ќе ви овозможи подобра циркулација. Олабавете го зглобот и со кружни движења свртете ја раката кај рамото, околу една минута.
8. Одење
Одењето е една од најдобрите вежби за циркулација. Одењето прави мускулите на ногата да се стегаат и опуштаат и на тој начин испумпуваат крв во целото тело. Одењето е полесен облик на вежбање кој исто така го снижува крвниот притисок. Почнете со кратки прошетки два или три пати неделно.
9. Пливање
Пливањето најмалку ги оптоварува зглобовите, а корисно е и лесно за целото тело. Пливањето го активира целото тело и го подобрува протокот на кислород до срцето и белите дробови. Сите луѓе можат да пливаат, без разлика на возраст или ниво на кондиција, дури и оние кои патат од болки во мускулите и зглобовите.
10. Јога
Јогата бара контролирано дишење со кое се зголемува концентрацијата на кислород во крвта, помага во протокот на крв во мускулите и така се подобрува циркулацијата.
11. Велосипед и танц
Велосипедизмот е одличен за подобрување на циркулацијата во долниот дел на телото. Танцот можеби не е секојдневна вежба, но е одличен за подобрување на циркулацијата низ телото.