6 причини поради кои треба да изберете велосипед наместо теретана
Ако сакате да стекнете подобра кондиција, да се ослободите од заморот и да го обликувате телото, а при тоа да бидете полни со енергија нема потреба да се мачите во теретана. Земете го велосипедот и ќе имате супер форма и вистинско уживање.
Постојат барем 6 причини поради кои треба почесто да го одбирате велосипедот наместо теретаната:
1. Кондиција
Погледнете околу себе и ќе сфатите дека велосипедистите секогаш се во подобра форма и кондиција, бидејќи вежбањето претставува постојан тренинг. Дополнително уште една предност е виталноста. Со помош на велосипедот ги обликувате мускулите, а не ги оптоварувате зглобовите, како што тоа се случува во теретана.
2. Енергија
Научно е докажано дека возењето велосипед го подигнува нивото на енергија повеќе од која било друга активност. Тоа не е чудно ако се земе предвид дека велосипедистите поминуваат многу километри. Можеби вложувате многу енергија при возењето, но истовремено и се исполнувате и станувате поенергични.
3. Динамика
Велосипедистите со самото тоа што се исполнуваат со енергија, внесуваат динамика и брзина, на тој начин истите работи ги внесуваат и во својот секојдневен живот, дури и откако ќе се симнат од велосипедот.
4. Безбедност
Велосипедистите имаат силно чувство за физичките и менталните граници. Поминуваат километри додека ветрот се движи во спротивен правец, одлично се ориентираат во просторот и многу поретко доживуваат незгоди, од луѓето кои вежбаат во теретана.
5. Одлучност
Во повеќето животни ситуации велосипедистите се потпираат само на себе. Тоа е одлика која на многу други им фали. Луѓето кои често возат велосипед се постабилни, побрзо закрепнуваат и полесно преземаат одговорност.
6. Велосипедистите живеат подолго
Истражувањата покажуваат дека ако го ставите секојдневното возење велосипед во распоредот, може да си го продолжите животниот век. Тоа има врска со самиот интензитет на вежбање и фактот дека одморате на свеж воздух. Докажано е дека луѓето кои возат велосипед може да си го продолжат животот и до 5 години повеќе од останатите.