Од анорексична девојка до фитнес блогерка (фото)
Тинејџерката Антониа Ериксон (18) поминала тежок пат од анорексична девојка до фитнес блогерка.
Во септември 2012 во тешка состојба била примена во болница каде лекарите правеле сè што можат за да ја одржат во живот. Нејзините витални органи полека откажувале, а нејзините рефлекси речиси исчезнувале.
По 2 месеца поминати во болница, Антониа се ослободила од своите демони и одлучила својот живот да го изведе на прав пат со помош на здрава исхрана.
Откако едвај успеала да закрепне, решила да го промени својот живот, да почне да се грижи за себе, а со тоа да им даде мотивација и на другите кои имаат проблем со анорексијата.
Целиот напредок и сите промени ги документирала на својот профил на Инстаграм.
Почнала да се фотографира додека вежба, покажувајќи ги мускулите на кои напорно работела, а ја фотографирала и храната која сама си ја подготвувала.
Таа изјавила дека сликите на Инстаграм ѝ помогнале во борбата против анорексијата.
„Инстаграм многу ми помогна. Наидов на луѓе кои ја водат истата битка како мене. Се поддржувавме едни со други и кога ми беше тешко секогаш можев да побарам помош од моите Инстаграм пријатели. Чувствував дека имам одговорност, бидејќи имам следбеници кои мојата борба ја доживеале како инспирација. За мене тогаш стана многу важно да заздравам побрзо и да останам здрава. Да им покажам на луѓето дека тоа е можно и дека вреди.“ – рекла Ериксон.
Антониа, исто така води и фитнес блог каде што одговара на прашања за себе, своето здравје и анорексијата.
Таа е вистински пример и инспирација дека не треба да се губи надеж и дека единствено е потребно добра волја и упорност за да се добие секоја битка.
Погледнете дел од нејзините фотографии: