Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија

Четврта вежба

Пред стол, застанете исправено со раширени нозе (малку повеќе од ширината на колковите).

Фатете ги дланките една со друга пред вас. Рацете не треба да ви бидат кренати.

Бавно спуштете се до столот, малку кревајќи ги рацете пред вас.

Грбот треба да ви биде исправен и не треба да седнете на столот, туку штом ќе го допрете со задникот, вратете се во првата положба.

Направете еден сет од десетина повторувања.

Ако имате повеќе кондиција, можете да направите и повеќе сетови или повторувања.

6-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-dodeka-ja-gledate-omilenata-serija-5.jpg

Петта вежба

Застанете со раширени нозе и кренете ги рацете странично во висина на рамената, со дланките свртени надолу.

Малку клекнете, како на илустрацијата.

Почнете да го навалувате телото кон десната страна, без да ги виткате рацете, како на долната илустрација.

Вратете се во почетната положба, па повторете на другата страна.

Направете што е можно повеќе повторувања.

6-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-dodeka-ja-gledate-omilenata-serija-06.jpg

Шеста вежба

Застанете исправено со нозете поставени во ширина на колковите.

Свиткајте ги лактите и спојте ги дланките пред градите, како на илустрацијата.

Кренете ја десната нога со свиткано колено – горниот дел да биде паралелен со земјата.

Со кренатата нога направете голем чекор назад, кон лево, како на долната илустрација.

Вратете се во претходната положба, со кренатата нога.

Повторувајте 45 секунди, па направете ја вежбата со другата нога.

6-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-dodeka-ja-gledate-omilenata-serija-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате) Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличе...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
6 едноставни вежби за совршен задник до лето (и за кои не треба опрема) За да бидете во топ форма до лето, треба да почнете со вежбање уште сега. За ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg