Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден
Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од седење или стоење? Со овие 7 вежби лесно ќе се ослободите од болката.
Ако во текот на денот седите или стоите долго време, сигурно ви се случило да почувствувате болка во грбот од која не можете да се ослободите лесно.
Сепак, постојат неколку едноставни вежби, базирани на асаните од јогата, кои можат да ја намалат болката во грбот и да направат да се чувствувате подобро за кратко време.
Почнете да ги практикувате и по неколку дена ќе го видите резултатот:
Прва вежба
Легнете на грб и под лопатките ставете мало перниче или пешкир свиткан во ролна. Спојте ги стапалата и раширете ги колената.
Додека сте во оваа положба, дишете рамномерно. Останете во положбата 2-3 минути.
Втора вежба
Клекнете на подот, колената свиткајте ги до под градите и седнете врз стапалата. Под телото ставете перница и гушнете ја со рацете.
Свртете ја главата на едната страна па вдишувајте и издишувајте длабоко и бавно 15 до 20 пати.
Свртете ја главата на другата страна, па повторете го дишењето.
Трета вежба
Тргнете ја перницата од под телото, па испружете ги рацете пред себе, но искосени малку на страна. Ќе почувствувате истегнување во колковите и рамената.
Вдишете длабоко, префрлете ги рацете на другата страна од телото и повторно истегнете се.