8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог
Вежба бр. 5:
Легнете на грб, поткренете ги и свиткајте ги нозете во колената и раширете ги рацете на страна. Спуштајте ги нозете наизменично десно и лево (допрени една со друга), така што колената ќе го допираат подот додека ги ротирате на двете страни.
Правете ја вежбата полека, обидувајќи се да не ги одвојувате дланките и лопатките од подот. Повторете 10 до 20 пати на секоја страна.
Вежба бр. 6:
Легнете на грб и испружете ги рацете над главата. Свиткајте го торзото нагоре при издишување и кревајте ги нозете, обидувајќи се да ги допрете рацете со нозете (како на илустрацијата).
Повторете ја вежбата 20 пати.
Вежба бр. 7:
За оваа вежба ќе ви треба тркало за вежбање (валјак). Клекнете и фатете ги рачките на тркалото. Истегнете го торзото додека стомакот не го допре подот.
Во исто време, држете ги рацете исправени. Потоа вратете се наназад во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10-20 пати.
Вежба бр. 8:
Легнете на подот и ставете ги дланките на ушите. Со лактите обидете се да ги допрете колената и тоа со левиот лакт десното колено, а со десниот лакт левото колено.
Притоа, коленото на свитканата нога приближете го што е можно поблиску до стомакот, а другата нога нека биде испружена паралелно со подот.
Повторете ја вежбата по 20 пати со двете нозе.
А. Ј. | Црнобело