Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот)
За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите во рок од 10-тина минути.
Со годините, нормално е кожата на вратот да стане поопуштена, да се појават брчки, па дури и подбрадок.
Но, постојат вежби кои можат да ја затегнат кожата во оваа област и, генерално, да ве подмладат.
Седум вежби што ќе ви помогнат во ова и можете да ги правите секој ден:
Прва вежба
Ставете ги дланките на челото и притиснете ја главата кон нив. Не треба да ги мрдате дланките или главата, туку само да создавате притисок.
Држете ја положбата 10 секунди.
Потоа ставете ги дланките на задниот дел од главата, и повторно создавајте притисок.
Држете ја положбата 10 секунди.
Втора вежба
Застанете или седнете со исправен грб.
Свртете ја главата кон лево, а притоа малку навалете ја кон назад. Треба да почувствувате затегнување на мускулите под ушите.
Држете ја положбата околу осум секунди, па свртете ја главата на другата страна.
Важно е да правите бавни и нежни движења за да не се повредите.
Трета вежба
Седнете со исправен грб, кренете ја главата нагоре и погледнете кон таванот.
Со усните правете движење како за бакнеж.
Направете 20 движења (или бакнежи), па вратете се во почетната положба.
Четврта вежба
Повторно седнете со исправен грб, кренете ја главата нагоре и погледнете кон таванот.
Поставете ја десната дланка врз клучните коски и нежно притиснете надолу.
Соберете ги усните кон внатре и почнете да ја отворате и затворате устата.
Повторете петпати, променете ја раката, па направете уште пет повторувања.
Уште 3 вежби на следната страница...
Би можело да ве интересира:





