Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада
Четврта вежба
Оваа вежба можете да ја правите во седната и стоечка положба.
Исправете го грбот и ставете ја едната рака зад телото. Со другата рака фатете ја главата како на илустрацијата и многу нежно повлечете ја странично додека не почувствувате мало истегнување.
Останете 20 секунди во положбата, па повторете со другата страна.
Направете по три повторувања за секоја страна.
Петта вежба
И ова е вежба за која можете да седите.
Исправете го грбот и исправете ја главата.
Ставете го едниот показалец на брадата.
Вратете ја главата кон назад и држете ја положбата 10 секунди, па вратете се во првата положба.
Направете 10 повторувања.
Шеста вежба
Ставете крпа зад вратот и фатете ја со двете раце.
Бавно погледнете нагоре, притоа давајќи си поддршка со крпата.
Вратете се во почетната положба и направете десет повторувања.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





