Приказната за Локумче - од повредено, улично куче во македонско село до живот во топол дом во Германија (фото)
Така Локумче за многу кратко време го изгуби визуелниот контакт со светот околу неа, но затоа пак болката и вознемиреноста повеќе ја немаше и полека со редовни гушкања, игри со физички допири и зборување, радоста и самодовербата почнаа да ѝ се враќаат.
Имавме огромна поддршка од стотици луѓе кои нè следеа на Фејсбук, стискаа палци, се смееја и плачеа заедно со нас.
Со ушињата постојано начулени, наместо очи - цртички од резовите и насмеано муце, Локумче стана најхаризматичното куче на свет.
Сепак, најтешкиот дел беше кога требаше да ја испратиме во новиот дом во Германија. Таму ја чекаше едно прекрасно семејство кои ја засакаа од прв момент кога ја видоа и со месеци ја чекаа да закрепне и да се подготви за новиот дом.
Сега, Сузи ужива во секојдневните прошетки, го зборува јазикот на љубовта и слепилото не ја спречува да му се радува на животот.