Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бон-тон правила за сопственици на мачки и кучиња – некултурните луѓе често ги забораваат

Кога викате гости, кажете им дека имате миленик

Ако некој првпат доаѓа во вашиот дом, препорачливо е да му кажете дека имате миленик.

Некои луѓе се алергични на животни, а некои навистина се плашат од нив.

Па, кога однапред ќе го спомнете миленикот, ќе можете да се договорите да се видите со личноста на друго место. 

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-06.jpg

Исчистете ги влакната пред да ви дојдат гости

Ако имате мачка или куче, имате и влакна на местата каде што лежи.

Сигурни сме дека редовно ги чистите овие влакна, но задолжително исчистете ги и пред да ви дојдат гости.

Никој не сака да си ја извалка облеката со влакна од мачка или од куче.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-07.jpg

Не им дозволувајте на мачките и кучињата да ја душкаат храната за гостите

Без разлика што вам не ви пречи миленикот да ја душка храната што ја јадете, не дозволувајте да го прави тоа кога имате гости.

Вашиот миленик е само ваш, па некој друг сигурно нема да сака да му ја душка храната.

Исто така, не дозволувајте мачката да се качува на масата со храна кога имате гости.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-08.jpg

Кога патувате со миленик, понесете ги сите неопходни работи

Ако одите некаде со друштво и сакате да го земете вашиот миленик, не заборавајте да ги понесете сите неопходни работи – храна за по пат, играчка, ремче за шетање, ќеси за измет…

На овој начин ќе се осигурите дека миленичето ќе биде мирно по пат и нема да им додева на останатите.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat09.jpg

Научете го кучето како да се поздравува

Не дозволувајте кучето да им скока на другите луѓе, без разлика што го прави тоа од радување.

Како што веќе спомнавме неколкупати, некои луѓе се плашат од животни, а некои, едноставно, не ги сакаат.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg