Негувателка од Скопје ЗОО спасила мало гибонче, кое мајката го фрлила во едно од езерцата – сега тоа не се дели од неа
Зера Бекировска е негувателка во Скопје ЗОО која ја прогласуваме за херој на денот! Откако влегла во езерцето да го спаси отфрленото гибонче, таа за него претставува мајчинска фигура.
Со својата посветеност на работата, но и љубовта кон животните, Зера Бекировска, негувателка во Скопје ЗОО, е одговорна за спасувањето на животот на мало гибонче.
Мајката на 7-месечниот гибон го фрлила во едно од езерцата во зоолошката градина, а Зера кога посведочила на ситуацијата веднаш скокнала во езерцето за да го спаси.
Бидејќи гибонот немал некоја голема способност за пливање, откако го извадила од водата, Зера со тимот од Скопје ЗОО 40 минути се трудела да го врати во живот.
Сега, малото гибонче се чувствува добро, Зера се грижи за него и го храни, а тоа е приврзано за неа толку многу што се однесува како таа да му е мајка.
Приказната е објавена на странскиот сајт BoredPanda.
Прекрасната врска на Зера и малиот гибон, преку фотографиите на Горан Анастасовски:
Прочитајте и Ново бебе лама + сите бебиња што се родија во Скопје ЗОО периодов (фото)
С. С. | Црнобело / фото: Горан Анастасовски