Му давате огледало на папагалот и уште 9 грешки со кои им го скратувате животот на милениците
Ги чувате рибите и глодарите во мал простор
Дури и ако имате само една рипка, не треба да ја чувате во мала кугла. И на малите риби им е потребен простор за пливање и растење. Добро би било да купите и филтер кој ќе ја прочистува водата.
Кога станува збор за глодари, како хрчаци и морски прасиња, не е хумано да ги чувате во мали кафези.
Овие животни треба да имаат доволно простор за трчање и играње. Исто така, нивниот кафез треба да биде изложен на сонце неколку часа дневно, но и да има сенка.
Во кафезот можете да ставите струг кој треба да го чистите редовно – секој ден собирајте го изметот, а еднаш неделно менувајте го целиот струг со нов.
Му давате варени коски на вашето куче
Ако сакате да му давате коски на кучето, никако немојте да ги варите и давајте му ги живи.
Варените коски се многу кршливи и можат да му нанесат сериозни повреди на кучето.
Исто така, немојте да претерате со коските и не му давајте повеќе од 1-2 неделно.
Ѝ давате млеко на мачката
Спротивно на популарното верување, мачките не треба да пијат млеко бидејќи имаат нетолеранција на лактоза.
Ако пијат млеко, можат да се појават проблеми како дијареја, повраќање и болки во стомакот.
Доколку мачката се храни здраво, за пиење доволно е да ѝ давате само вода.
Му давате огледало на папагалот
Папагалите изгледаат навистина слатко кога комуницираат со нивната рефлексија во огледалото, но ова е опасно за нив.
Тие не можат да сфатат дека гледаат во нивна рефлексија и сметаат дека тоа е друг папагал.
Поради ова, папагалот може да помисли дека има натрапник во неговиот дом, да биде гневен бидејќи не добива внимание од „новиот папагал“, па дури и да стане опседнат со „новиот папагал“ и да стане асоцијален.
Папагалот е друштвена птица и ако го чувате како миленик, мора барем еднаш дневно да му зборувате.
Ако папагалот е осамен, размислете да земете уште еден.
Чувате мали украси и токсични растенија на дофат на мачката
Ако имате мачка, ќе мора да преместите некои работи во домот. Мачките се љубопитни и сакаат да истражуваат, па неретко се случува да голтнат нешто мало.
Кога станува збор за растенија, некои од нив се токсични за мачките и можат да им предизвикаат сериозни проблеми. Некои мачки сакаат да јадат растенија, па добро истражете дали оние што ги имате дома за безбедни за нив. Истото може да важи и за кучиња.
Спирова С. | Црнобело