Маж посвоил бебе лисица кое му се пикнало во ракавот за дремка
„Се поврзавме веднаш кога дојде до мене. Се грижев за младенчето кога закрепнуваше и ја стекнав неговата доверба, а дозата на љубов која ви ја даваат лисиците, откако ќе ја стекнете нивната доверба, е магична“, вели Лес.
Музичкиот продуцент Лес Хемсток oд Англија посвоил бебе лисица, кое било сираче, откако тоа се пикнало во неговиот ракав за да поспие на топло.
Тој посетил засолниште за диви животни, а неколку младенчиња лисици биле донесени таму од страна на некој човек што ги нашол сами и незаштитени. Бебињата биле прегладнети и очајно им била потребна медицинска нега.
Едно од младенчињата доползило до ракавот на Лес и одлучило дека токму таму е совршеното место за дремка.
„Се поврзавме веднаш кога дојде до мене. Се грижев за младенчето кога закрепнуваше и ја стекнав неговата доверба, а дозата на љубов која ви ја даваат лисиците, откако ќе ја стекнете нивната доверба, е магична“, вели Лес.
„Ми скока на грбот, трча да ме поздрави и испушта одредени звуци кои се знак за љубов“.
Бебето лисица го добило името Бен, а Бен сега е голема лисица која живее повторно во засолништето за животни, но Лес редовно го зема Бен за викенди и го носи во неговиот дом каде за него има посебна соба со играчки и со рамка за качување.
Лес додава дека Бен го гледа како свој син и заклучува дека лисиците се многу попаметни од луѓето.
С. С. | Црнобело