Љубовта помеѓу животните низ објективот на македонскиот фотограф Горан Анастасовски
Покрај пејзажите од Македонија и ширум светот, македонскиот фотограф Горан Анастасовски најмногу сака да фотографира диви животни, а емотивните моменти што ги „уловил“ со неговиот фотоапарат ќе ве остават без зборови.
Горан Анастасовски е фотограф од Македонија со импресивна кариера. Неговите фотографии со диви животни се објавени од медиуми како National Geographic и BBC, и иако кај нас можеби малкумина слушнале за него, Горан е веќе светски познат.
Горан фотографира уште од 2006-та година, а покрај неверојатните пејзажи од Македонија и ширум светот, најмногу се посветува на дивиот свет.
На неговиот веб-сајт и неговиот Инстаграм профил можете да погледнете бројни фотографии од леопарди, мајмуни, рисови, срни и секакви диви животни, а можеби најдоброто е што Горан успева да ги долови и моментите кога овие животни разменуваат нежности.