Ретки фотографии: Kaко изгледа процесот на парење на ајкулите?
Зошто машката ајкула ја гризе перката на женката? Фотограф направи ексклузивни фотографии на кои пикажува како изгледа процесот на парење на ајкулите на корален гребен во Пацифичкиот Океан.
Фотографот Рон Воткинс уловил пар ајкули (од видот whitetip reef sharks) како се парат покрај корален гребен во Пацифичкиот Океан.
Ова се неверојатно ретки фотографии направени токму во миговите кога ајкулите уживаат во страста.
Машката ајкула ја гризе пекторалната перка на женката и го вметнува својот класпер во гениталиите на женката. Кај машките единки, модификациите на внатрешниот раб на секоја пелвична перка, се наречени класпери и се користат при парењето.
Ритуалот на гризење при парењето се користи за женката да се задржи на позицијата за време на процесот. Ова е карактеристично за неколку вида на ајкули.
Процесот на парење на ајкулите низ фотографии:
С. С. | Црнобело