Белчо, убавецот од Капиштец кој си ја пронајде среќата во Холандија (фото)
Го памтам Белчо како најубавото и најпаметното куче во Капиштец. Честопати знаеше да ме испраќа до дома пешки, со мене, до Пржино.
Вистински уличен убавец, кој сите го сакаа, но сепак живееше на улица.
Бил напуштен кога имал една година. Речиси 4 години живееше на улиците и се бореше да преживее. Беше фатен и оставен и во Вардариште. Среќа, на време спасен од таму.
Неколкупати имаше несреќа да биде малтретиран.
Пред 5 години беше пронајден во Скопје со прострелна рана и големи болки. По успешната операција и рехабилитација, Татјана од Скопје, успеа да му најде дом во Холандија.
На крајот на 2015-та година Белчо отпатува во неговиот нов дом.
Белчо конечно живее онаков живот каков што заслужува. Ужива во прекрасната природа со неговата најдобра пријателка Ејнџел.
А, јас, уживам кога ги гледам прекрасните фотки кои ги споделува неговата нова „мајка“.
И ми е единствено криво што во нашава земја нема повеќе вакви луѓе и можности за кучињата бездомници.
https://www.facebook.com/watch/?v=211292446603426
Е. П. | Црнобело