8-годишно девојче ја дели својата соба со повеќе од 50 тарантули и 2 змии
Малата Холи кога ќе порасне сака да работи во Зоолошка градинка, а во меѓувреме во својата соба има мини зоолошка.
Холи Гринхалг e 8-годишно девојче чија детска соба личи на мини Зоолошка градина. Таа во својата соба има повеќе од 50 пајаци од видот тарантула, 2 змии, скорпија, лебарки, полжави итн.
Вели дека го обожава начинот на кој тарантулите одат и смета дека се слатки.
„Потребно ми е доста време за да се грижам за нив, но јас повеќе сакам да останам дома со моите животни, отколку да играм надвор со пријателите.“, вели малата Холи.
Таа вели дека животните се плашат од нас многу повеќе отколку ние од нив, а неа ја смируваат и ѝ даваат чувство на релаксација.
Нејзината мајка Рејчел ѝ помага на ќерка ѝ да ја негува својата страст и љубов кон животните, иако таа самата се плаши од нив.
С. С. | Црнобело