Неверојатни фотки од реткиот црн пантер низ џунглите во Индија
Шааз Јунг е посветен фотограф и снимател на дивиот свет и минал 2 ипол години во шума во Индија за да го истражи животот на мистичниот црн пантер.
По студирањето економија во Холандија, Шааз Јунг се вратил на местото каде што го минал детството – во шумите на југот од Индија.
Овој фотограф и снимател на дивиот свет ги обожава мистериозните црни пантери и секојпат кога ќе наиде на нив прави неверојатни фотографии.
Ги нарекува „господари на темнината“ и години наназад го интригира нивната мистичност.
„Минав 2 ипол години во Kabini шумата во Индија од декември 2017 до јануари 2020 со специјална дозвола со која смеев да снимам за да направам документарен филм за црните пантери за National Geographic“, вели Јунг.
Тој открива дека секој ден му бил како патување во непознатото и предизвик да го открие тајниот свет на црните пантери. За него ова бил еден од најпредизвикувачките проекти досега.
„Црниот пантер е леопард со отсуство на меланин. За разлика од останатите животни во Kabini шумата кои се побројни, има само еден црн пантер. Од 2015 наваму го имаат фотографирано и други фотографи, но јас сум првиот што направи посериозен филм за него.“
Јунг нагласува дека трпението е најважната работа која треба да ја поседуваат фотографите на дивиот свет.
Дел од неговите фотки:
https://www.instagram.com/p/Bt2_9xmBj-S/
С. С. | Црнобело