18 животни лекции што сопствениците на мачки ќе ги разберат

Не можете да присилите некој да ве сака. Никој не ви го должи своето време. Дури и ако го храните.

18-zhivotni-lekcii-shto-sopstvenicite-na-machki-kje-gi-razberat-01.jpg

Ако имате мачка, тогаш можно е некои од овие животни лекции да сте ги научиле.

Животни мудрости кои можеме да ги научиме од мачките:

- Не можете да присилите некој да ве сака.

- Не секој може да каже што сака или што му треба, мора да на научите да го читате говорот на телото и однесувањето за да разберете како да се грижите за тие околу вас.

- Може да сакате некој на начинот на кој сметате дека треба да биде сакан и тоа сепак да не биде доволно. Мора да научите како суштествата сакаат да бидат сакани и тогаш ќе видите прогрес.

18-zhivotni-lekcii-shto-sopstvenicite-na-machki-kje-gi-razberat-02.jpg

- Никој не ви го должи своето време. Дури и ако го храните.

- Будете се секој ден знаејќи што сакате и барајте го тоа.

- Љубовта може да биде покажана на многу различни начини.

- Трпеливоста е клучот. Не можете да добиете љубов од некој без да вложите труд.

18-zhivotni-lekcii-shto-sopstvenicite-na-machki-kje-gi-razberat-03.jpg

- Секогаш почитувајте ги тие што ве сакаат, (Сопствениците на кучињата не мораат, но сопствениците на мачките мораат).

- Говорот на телото кажува многу повеќе од зборовите.

- Секој поставува свои граници и вие мора да ги почитувате.

- Никогаш не земајте го здраво за готово времето кое го имате со некој. Покажувајте му љубов 24/7.

- Ништо не ви е надвор од дофат.

- Во ред е понекогаш ненадејно да го промените расположението.

18-zhivotni-lekcii-shto-sopstvenicite-na-machki-kje-gi-razberat-04.jpg

- Никогаш нема да го достигнете врвот ако се плашите од паѓање.

- Почитувајте, давајте простор и бидете трпеливи.

- Животот е вреден за живеење.

- Секогаш очекувајте го најнеочекуваното.

- Животот понекогаш ќе биде ужасен и во тие мигови сè што треба да сторите е да го прегрнете вашето крзнено пријателче.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg