Се вљубуваат, сакаат телевизија - Интересни факти за кучињата

Не залудно велат дека кучињата се нашите најдобри пријатели. Овие животни навистина знаат како да ви покажат дека ве сакаат, а кога сте тажни не само што го чувствуваат тоа, туку и ќе се обидат да ве расположат.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-01.jpg

Кучињата се способни за многу нешта, а за дел од нив сигурно не знаете, дури и ако долго време чувате куче.

Па, погледнете кои се неверојатните работи што можат да ги прават кучињата:

Нивната урина е корозивна за метали

Знаевте ли дека киселините во урината на кучињата се толку силни, што таа е корозивна за метали?

Во Сан Диего дури имало и случај каде што се срушила улично светло бидејќи многу кучиња уринирале на неа.

Одличен ноќен вид

Постои мит дека кучињата гледаат само црно и бело. Но, и овие животни можат да гледаат бои. Очите на кучињата ги перципираат сината и жолтата, но не и црвената и зелената боја.

Сепак, тие имаат подобар ноќен вид од нас.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-02.jpg

Мустаќите им се како антени

Мустаќите на кучињата имаат многу важна улога – тие им помагаат подобро да ја перципираат околината околу нив. Со помош на мустаќите, кучињата можат да добијат информации за големината, формата и брзината на работите околу нив.

Бидејќи нивниот вид не е добар колку човечкиот, мустаќите имаат голема улога во нивната ориентација.

Неверојатно сетило за мирис

Сетилото за мирис на кучињата е илјадници пати посилно од она на луѓето.

Некои истражувања покажале и дека кучињата можат да намирисаат болести како рак на кожата. Се верува дека причината е различниот метаболистички процес на клетките на рак, поради кој испуштаат одреден мирис.

Овој мирис е премногу слаб за нашите носеви, но не и за кучињата.

se-vljubuvaat-sakaat-da-gledaat-telvizija-neverojatnite-raboti-shto-mozhe-da-gi-napravi-vasheto-kuche-03.jpg

Можат да почувствуваат земјотрес

Иако уште нема научни докази за ова, постојат многу ситуации што го потврдуваат верувањето. Многу луѓе имаат изјавено дека неколку часови пред земјотрес, нивните кучиња се однесувале чудно.

Сеизмолозите сметаат дека причината за ова се вибрациите што настануваат пред земјотресот кои кучињата, за разлика од луѓето, можат да ги почувствуваат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg