Да бидеме благодарни за кучињата - тие се најголемиот дар во животот

da-bideme-blagodarni-za-kuchinjata-tie-se-najgolemiot-dar-vo-zhivotot-01.jpg

Дали понекогаш се фаќате како зјапате во вашето куче? Додека вие се борите да ги завршите работните обврски, тоа веќе ужива во третата дремка денес.

А штом ги отвори очите веднаш сака да се милува со вас и ви ја носи омилената играчка за да си играте. Ова суштество зрачи со позитива додека светот се распаѓа надвор.

Кучињата се најголемата емоционална поддршка на луѓето отсекогаш. Тие се гуруа за нашето ментално здравје.

Даваат безусловна љубов и нивното присуство во нашиот дом во ова тешко време е од клучно значење.

da-bideme-blagodarni-za-kuchinjata-tie-se-najgolemiot-dar-vo-zhivotot-05.png

Колку всушност им должиме на нашите кучиња?

Дали ја земаме нивната љубов здраво за готово постојано?

Тие како да се програмирани постојано да бидат до нас. Да бидат блиску до луѓето како отсекогаш да е нивната верзија за рајот.

da-bideme-blagodarni-za-kuchinjata-tie-se-najgolemiot-dar-vo-zhivotot-04.jpg

Но, на моменти кога сме нерасположение дури ни пречи нивното лаење или трчање, а тие само бараат внимание од нас. Зошто сметаме дека треба да викаме по нив и да ги казнуваме или да ги игнорираме нивните потреби?

Тие 24/7 ја задоволуваат нашата потреба за љубов и физичка блискост, но ние сме себични на моменти. Си ја гледаме својата работа, додека тие се чувствуваат одбиено и не доволно сакано од наша страна.

da-bideme-blagodarni-za-kuchinjata-tie-se-najgolemiot-dar-vo-zhivotot-03.jpg

Да бидеме благодарни што кучињата постојат. Да бидеме свесни дека тие се најголемиот дар што некој би можел да си го посака.

Да ја цениме нивната поддршка и безусловна љубов што ни ја даваат во секоја секунда од животот.

da-bideme-blagodarni-za-kuchinjata-tie-se-najgolemiot-dar-vo-zhivotot-02.jpg

Да одвоиме време да им дадеме љубов за возврат и да си го поставиме прашањето: „Дали правиме доволно за овие неверојатни, љубовни суштества“?, „Дали можеби им должиме повеќе од што веќе сме им дале“...

Извор

Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Браво! Низ скопските маала ќе бидат поставени 10 куќички за бездомни кучиња „Куќичките се новогодишен подарок за кучињата од групата урбани уметнички/герила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg