Како изгледа светот низ очите на животните? (фото)
Лилјаци
И покрај изреката, лилјаците сепак не се слепи.
Иако нивниот слух е она што им помага да се снајдат во просторот, тие ги користат и очите.
Разните видови лилјаци гледаат различно – некои се далтонисти, а некои гледаат одредени бои. Некои видови можат да ја видат и црвената боја, која е невидлива за многу животни.
Кртови
Кртовите најчесто живеат под земја, па немаат многу корист од очите, но забележуваат разлика помеѓу темно и светло.
Некои видови можат да гледаат и бои, а нивните очи се чувствителни на сина и зелено-жолта светлина.
Овие животни не ја гледаат црвената боја, а сè уште не е јасно дали можат да прават разлика помеѓу другите бои.
Зајци
И зајците не можат да ја гледаат црвената боја и гледаат малку замачкано.
Бидејќи нивните очи се поставени на страната од главата, обично можат да гледаат во повеќе насоки за разлика од луѓето.
Лигни
Џиновската лигна има едни од најголемите очи во животинското царство, а нејзиниот вид може да се спореди и со гледање низ двоглед.
Лигните имаат и таканаречени фотофори, или „светлечки органи“, кои им помагаат да фаќаат пленови во темница.
Црви
Повеќето црви воопшто немаат очи, но имаат светлински рецептори со кои разликуваат темно од светло.
Спирова С. | Црнобело