Маж во депресија вели дека бакнежите со алигаторот му се лек
Неговото домашно милениче изгледа нетипично и страшно, но 65-годишниот Џои вели дека поради него не му се потребни лекарства.
Емоционалната поддршка од животните на луѓето кои минуваат низ лош период е клучна. Во светот сѐ повеќе се практикува ваков вид на терапија.
Џои Хени од Пенсилванија во својот дом чува алигатор, кој од државата е лиценциран како животно за емоционална поддршка.
65-годишниот Хени вели дека неговиот 4-годишен алигатор Воли е супер пријателски настроен и му дава прегратки, бакнежи и позитивна енергија.
Воли никогаш не гризнал никого и се плаши од мачки. Тој е далеку од типичен алигатор, вели неговиот сопственик.
На Хени кога му била дијагностицирана депресија одбил да зема лекарства, а наместо тоа го вдомил Воли, кој со себе го носи дури и на прошетки по паркови.
Како изгледа ова необично пријателство:
С. С. | Црнобело