Јавање слон, пливање со делфини – Туристички атракции и активности кои се сурови кон животните
Цивет на плантажи за кафе
Кафето познато како Kopi Luwak може да чини од 35 до 100 долари. Цивет е животно што сака да ги јадe бобинките кафе, а Kopi Luwak се прави од зрната кафе што се наоѓаат во изметот на животното.
Но, за фармерите да произведат повеќе кафе, ги фаќаат животните и ги чуваат во мали кафези. Заробените животни се повредуваат, меѓу нив лесно се шират болести и се изложени на стрес.
Уште полошо е што ги тераат да јадат многу кафе – нешто што може да биде штетно.
Борба со бикови
Оваа варварска традиција е причина за смртта на илјадници бикови секоја година.
Пред борбата, тореадорите користат разни методи за да го ослабат животното – го дрогираат, му фрлаат вреќи песок врз грбот му ги отстрануваат роговите за да му ја нарушат рамнотежата.
Наводно, некогаш му ставале и вазелин на очите за да му го влошат видот.
Во самата борба, биковите се прободувани во грбот и вратот и најчесто ја напуштаат арената парализирани.
Педикир со риби
Рибите garra rufa се користат за оваа многу позната процедура. Рибите ја јадат мртвата кожа од стапалата, но не бидејќи ја сакаат, туку бидејќи се прегладнети.
Иако во некои држави рибите се заштитени со закон, луѓето сепак можат да си ги купат онлајн. Во овој случај рибите се транспортираат во пластични кеси со вода и голем дел од нив умираат.
Гушкање со коала
Без сомнение коалите се преслатки животни и секој би сакал прегратка од нив.
Но во реалноста, коалите не го сакаат контактот со луѓето. За нив, ние сме премногу бучни и брзи и им предизвикуваме стрес.
Сепак, на некои туристички места коалите се присилени да прегрнуваат луѓе и да се фотографираат со нив.
Возење со кочија
Многу парови мислат дека возењето со кочија влечена од коњ е романтично. Но од гледната точка на коњот, нема ништо романтично во ова искуство.
Животното е присилено да оди со часови, во секакви временски услови и сред бучни улици што го плашат.
Сето ова им создава толкав стрес на коњите, што неретко тие колабираат.
Спирова С. | Црнобело