Јавање слон, пливање со делфини – Туристички атракции и активности кои се сурови кон животните

Нормално е да се израдувате кога ќе видите мајмун што танцува, делфини што изведуваат спектакуларно шоу или слон кој можете да го јавате.

javanje-slon-plivanje-so-delfini-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-koi-se-surovi-kon-zhivotnite-001.jpg

Но, речиси секогаш, ваквите туристички активности им нанесуваат огромна штета на животните.

Малиот простор, лошата исхрана и малтретирањето се само некои од проблемите со кои се соочуваат животните на овие „работни места“.

Следниот пат кога ќе налетате на ваква понуда, земете ги предвид следните работи:

Шоу со делфини

Аквариумите со делфини изгледаат навистина забавно, но малкумина знаат за суровоста што се одвива зад овие шоуа.

Најпрво, делфините се ловат и се одделуваат од нивното семејство. Додека се транспортираат, животните се изложени на огромен стрес и голем дел не го преживуваат ни патувањето.

Оние кои сепак ќе преживеат, ќе го поминат животот во мал базен учејќи трикови – нешто сосема поразлично од нивното природно опкружување.

Доколку делфините треба да изведуваат на друго место, ги транспортираат како најобичен багаж.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-02.JPG

Јавање слонови

Јавањето слонови во Тајланд можеби е желба на многу луѓе, а сите што го искусиле тоа се воодушевени од смиреноста на животите.

Но, слоновите се толку мирни бидејќи се „скршени“.

Малите слончиња се оттргнуваат од нивните мајки и потоа се присилени да го поминат суровиот тренинг. Слоновите се удирани, постојано се во синџири и добиваат малку храна и вода.

Притоа, не им дозволуваат да „се дружат“ со другите слонови и сето ова има ужасно влијание врз нивната психа. На крај, слонот се откажува од желбата за слобода и само ги следи наредбите.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-03.JPG

Паркови со мечки

Во дивината, мечките преферираат да живеат сами. Но, во парковите за мечки тие се чуваат во „дупки“ и кафези, во кои секогаш има барем 3 мечки.

Уште полошо е што на некои места мечките ги облекуваат со разни костими и ги тераат да изведуваат за посетителите. Ова ги изложува животните на многу стрес.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-04.JPG

Мајмуни што танцуваат

Денес можете да најдете човек со „припитомен“ мајмун на секоја популарна летна дестинација.

Но за мајмуните да бидат мирни и да научат да танцуваат, минуваат низ многу суров тренинг.

Кога ќе заврши работниот ден на мајмунот, тој е пикнат во мал кафез и треба да чека таму до следната изведба.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-05.JPG

„Шармирање“ змии

Оваа древна атракција привлекува луѓе на секоја возраст.

Навистина изгледа неверојатно кога „шармирачот“ почнува да свири, а змијата полека ја крева својата глава.

Но, овие кобри се фатени во дивината и им се извадени забите. Им се блокираат и отровните жлезди за да ги направат безопасни. Овие процедури можат да предизвикаат разни инфекции, па дури и смрт.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg