Делфините зборуваат во сон, слоновите жалат за саканите - Факти што докажуваат колку сме слични со животните
Мајмуните тамарин многу сакаат да „разговараат“
Според едно истражување, мајмуните имаат комплексен систем за комуникација што го сочинуваат разни крици и звуци. Истовремено, тие се можеби и единствените животни кои можат да шепотат исто како луѓето.
Меѓу другото, истражувањето покажало дека тамарин мајмуните многу сакаат да комуницираат едни со други.
Глувците можат да научат да возат автомобил
Група истражувачи научиле глувци како да возат автомобили, односно како да управуваат со волан и да го контролираат процесот на движење за да добијат награда.
Ова значи дека глувците се способни за многу покомплексни задачи отколку што мислиме.
И кравите страдаат од променливо расположение
Научниците заклучиле дека однесувањето на кравите станува помалку предвидливо со возраста.
На пример, некои крави, некогаш веднаш почнувале со истражување ако се во нова околина, но некогаш не се ни помрднувале од место.
Ова значи дека и тие имаат променливо расположение.
Можно е кучињата да сакаат музика
Претпоставката дека кучињата сакаат музика не е нова. На интернет можете да најдете безброј видеа од кучиња кои „пеат“, па дури и се обидуваат да танцуваат покрај нивните сопственици.
Едно истражување веројатно го потврдило ова. Се покажало дека класичната музика ги релаксира кучињата, а реге и рок музиката го намалуваат нивото на стрес. Се претпоставува дека причината за ова е тоа што овие жанрови имаат сличен ритам како оној на кучешкото срце.
Мајмуните знаат да делат како луѓето
Приматолозите открија нови докази според кои мајмуните не само што соработуваат за да најдат храна, туку на крај и го делат она што го собрале.
Веројатно причината е заемната поддршка.
Белуга китовите наводно ги ценат културата и потеклото
Истражувањата неколкупати покажале дека белуга китовите настојуваат да градат комплексни општества и да ја разбираат и ценат културата, како и крвните врски.
Овојпат, „култура“ се однесува на информации и начини на однесување што ги дели група животни.
Истовремено, нивните малечки остануваат со мајките повеќе од една година после раѓањето, што ги прави уште послични на нас.
Спирова С. | Црнобело