Положбата на спиење со миленикот е поврзана со вашиот однос – кое е значењето?
Според податоците од неколку анкети, дури 2/3 од луѓето кои чуваат миленици без проблем спијат со нив.
Едно истражување, пак, покажало дека 1/4 од луѓето кои чуваат миленици се чувствуваат осамено кога спијат без нив. 1 од 10 испитаници изјавиле дека се чувствуваат сигурно и заштитено кога го делат креветот со нивното куче.
Ако чувате милениче, веројатно ви е познато сето ова. Но знаевте ли дека начинот на којшто спиете со вашето милениче може да открие многу за вашиот однос?
Обично, миленикот одредува во која положба ќе спиете, а тоа кажува многу за неговите чувства кон вас:
Покрај нозете: Миленикот лежи на долниот дел од креветот, покрај вашите нозе
Оваа положба укажува на верност, но не покажува дека миленикот има силни чувства за својот сопственик.
Друга причина за ова може да биде и немирниот сон на сопственикот – ако премногу се превртувате во текот на ноќта, миленикот се чувствува најудобно подалеку од вас.
Покрај колената: Вие спиете на страна со свиткани колена, а миленикот е свиен крај колената
Во оваа положба, миленикот се чувствува топло и сигурно покрај вас. Оваа положба покажува и дека миленикот целосно ви ја препушта грижата за него и дека ви верува безусловно.
„Стуткан“ во топка: Миленикот спие „стуткан“ помеѓу вашите нозе
Мачките и кучињата имаат поостро сетило за слух од нас, па оваа положба им овозможува да спијат во тишина.
Доколку ’рчите, оваа положба му овозможува на миленикот да спие веднаш до вас, без да се буди од звуците во текот на ноќта.
„Ѕид“: Миленикот спие помеѓу вас и вашиот партнер
Веројатно мислите дека миленикот ја одбрал оваа положба поради топлината и сигурноста. Но, на овој начин миленичето се осигурува дека целото внимание ќе биде насочено кон него.
Најверојатно, миленичето повеќе сака еден од вас, а другиот го гледа како конкуренција, па затоа легнува во средината.
„Крадач“ на место: Во текот на вечерта, мачката или кучето ви го зема целото место на креветот
Ова е положба што најмногу ја сакаат малите мачиња и кучиња, бидејќи на овој начин се поблиску до вас.
Истовремено, на овој начин спијат и милениците кои сакаат да се галат наутро.