10 најубави раси на едни од најграциозните животни – коњите
6. Ахал-Теке
Расата Ахал-Теке е национален амблем на Туркменистан. Тие се познати по нивната брзина, издржливост, интелигенција и карактеристичниот метален сјај на нивното влакно.
Нивниот „сјаен капут“ им го препиша прекарот „Златни коњи“. Покрај тоа што се убави, тие се всушност многу издржливи и прилагодени особено за да преживеат во тешки климатски услови.
Ахал-Теке се смета за една од најстарите раси на коњи во светот.
7. Андалузиски коњ
Андалузискиот коњ е познат и како „чисто шпански коњ“ и е коњ одгледуван на полуостровот Ибериј.
Иако по неговото потекло се трагало повеќе од 1000 години, овој коњ официјално е признаен како раса од 15 век.
Низ историјата, Андалузискиот коњ бил признаен по својата моќ како воен коњ и бил високо ценет од благородништвото.
Оваа раса исто така се користела како алатка за дипломатија од страна на шпанската влада, а исто така и на кралевите ширум Европа.
Додека овие коњи имаат историја како воини, тие се познати по нивната интелигенција, чувствителност и учтивост.
8. Ромски Ванер
Многу млада раса, потекнува пред 50 години во Велика Британија, таа е дел од животот и традицијата на ромските чергари.
Со сигурност едни од најубавите и најраскошни коњи, гордо прикажувани на изложби.
Обично се високи 142 сантиметри, имаат многу богата грива, како и густа коса од колено до копита. Најчесто се среќаваат во црно-бела боја.
9. Арапски коњ
Со неговата карактеристична форма на главата, арапскиот коњ е еден од најпрепознатливите во светот. Со потекло од Арапскиот полуостров, оваа раса е една од најстарите во светот.
Постои археолошки запис што сугерира дека Арапскиот коњ може да се проследи наназад најмалку 4500 години.
Низ историјата, оваа раса се шири низ целиот свет преку војна и трговија.
Арапските крвни линии може да се најдат кај скоро сите модерни раси на коњи поради нивната брзина, издржливост и силни коски.
10. Фризиски коњ
Оваа прекрасна раса потекнува од Фрисленд во Холандија. Не дозволувајте големината да ве измами, овие коњи се изненадувачки брзи и грациозни.
Се верува дека за време на средниот век во Европа, предците на оваа благородна раса биле во голема побарувачка како воени коњи заради нивната способност да носат витези во оклоп.
И покрај нивната популарност во средниот век, оваа раса всушност речиси да исчезна, но за среќа во последно време Фризискиот коњ е сѐ почесто среќаван.
Мила М. | Црнобело