10 најубави раси на едни од најграциозните животни – коњите
Коњите се едни од најблагородните суштества на оваа планета.
Луѓето се импресионирани од нивната неприкосновена убавина, достоинствено држење, сила и гордиот став со кој тие се одликуваат.
Уште од дамнешни времиња, коњите се сметаат за едни од најдобрите пријатели на луѓето. Поради ова дружење тие заземаат значително место во историјата, бидејќи му служеле на човекот во војните, подвижноста, продуктивноста и земјоделството.
Тие одиграа навистина голема улога во придонесот за унапредување на цивилизацијата. И покрај нивната големина и грациозност, коњите навистина умеат да ја покажат својата питома страна.
Но дали некогаш сте се запрашале колку раси на коњи постојат во светот?
По долгогодишни истражувања, откриено е дека во просек постојат околу 350 национално признаени раси на коњи и 100 раси на пони. Неверојатно нели?
Во продолжение ви ги издвојуваме десетте раси на коњи прогласени за најубавите во светот:
1. Морган
Коњот Морган е една од првите развиени раси одгледувани во САД. Морганите имаат навистина значајно место во американската историја.
Тие биле одлично дресирани, служеле за рекреативно јавање, па дури и како коњаница од двете страни на Американската граѓанска војна.
Оваа раса е позната и ценета поради нејзината разноврсност.
2. Хафлингер
Расата Хафлингер е позната и како Авелингезија. Оваа раса се развила кон крајот на 19 век во Австрија и Северна Италија.
Хафлингерите обично се среќаваат во костен боја. Тие имаат карактеристично движење што е опишано како енергично и „меко“ и се мускулести, но елегантни коњи.
Иако оваа специфична раса е развиена кон крајот на 19 век, нејзиното потекло може да се проследи уште во средниот век.
Хафлингерите биле развиени за планински терен и се познати по нивната цврстина.
3. Марвари
Марвари се ретка раса од регионот Марвар во Индија. Тие можат лесно да се идентификуваат по нивните уши кои имаат моќ да се вртат наназад.
Марварите се тврда раса што потекнува од мешање на арапски коњи со индиски коњчиња.
Раторите (или традиционалните владетели на регионот Марвар), биле први што одгледувале ваков вид коњи во 12 век.
Овие коњи биле користени со векови како коњаница во регионот Марвар и биле наградувани за нивната лојалност и храброст на бојното поле.
4. Aпалоса
Оваа американска раса е широко прочуена по својата карактеристична точкеста шара. Луѓето од Нез Перс се одговорни за развој на првата раса на Апалоса.
Населениците првично оваа раса ја нарекувале „Палауски коњ“ најверојатно заради реката Палаус.
Расата речиси исчезнала по војната во Нез Перс во 1877 година, но благодарение на некои посветени одгледувачи на расата, таа не само што се заштитила, туку и се зголемила за дури да стане една од најпопуларните раси во САД.
Апалоса беше прогласен за официјален државен коњ на Ајдахо во 1975 година.
5. Мустанг
Мустанзите честопати се нарекуваат „диви коњи“, но всушност тие биле припитомени.
Оригиналните Мустанзи биле колонијални шпански коњи кои со текот на времето се мешале со други коњи.
Мустанзите обично се опишуваат како „цврсти коњи“ и се познати по тоа што имаат добра издржливост.