Ретки фотографии од Хачико, најлојалното куче во светот
Хачико е куче од расата Акита и е можеби најпознатото во светот.
Хачико се родил на 10-ти ноември 1923-та година, во префектурата Акита во Јапонија. Во 1924-та, професорот Хидесабуро Уено го вдомил Хачико и го земал да живее со него во Шибуја, Токио.
Уено секој ден одел на работа, а кога се враќал, Хачико го пречекувал во близина на метро станицата Шибуја. Ова интересно дуо си продолжило со оваа рутина до 21-ви мај, 1925-та година – денот кога Уено не се вратил.
Уено, кој работел како универзитетски професор, имал излив на мозокот сред предавање и умрел без воопшто да се врати на станицата.
Наредните 9 години, 9 месеци и 15 дена, Хачико секој ден го чекал враќањето на Уено на станицата Шибуја.
Хачико почнал да го привлекува вниманието на минувачите. Многу луѓе кои редовно минувале крај станицата често ги гледале Уено и Хачико и знаеле за чие куче станува збор. Но, повеќето од нив не се однесувале добро со Хачико и не им се допаѓало неговото присуство.
Сепак, на 4-ти октомври 1932-ва, во весник имало текст за верното куче, па случајните минувачи почнале да го хранат и да го галат додека тоа си го чекало сопственикот.
Еден од студентите на Уено, Хирокичи Саито, го здогледал кучето на станицата. Оттаму го следел до домот на поранешниот градинар на Уено, кој пак му ја раскажал целата животна приказна на Хачико.
Кратко после оваа средба, студентот објавил попис на кучиња од видот Акита во Јапонија. Се покажало дека во Јапонија останале само 30 чистокрвни Акита кучиња, вклучувајќи го и Хачико.
Студентот редовно го посетувал Хачико и низ годините објавил неколку текстови за неговата неверојатна лојалност. Во 1932-ва, еден од овие текстови го направил Хачико национална ѕвезда.
Верноста на кучето ги воодушевила Јапонците, а родителите и учителите го користеле како пример што децата треба да го следат. Покрај тоа, еден јапонски артист направил и скулптура од кучето, а ширум целата држава почнал да расте интересот за кучињата Акита.
Со текот на времето, верноста на Хачико станала национален симбол за лојалност.
Хачико умрел на 8-ми март 1935-та година, на 11-годишна возраст. Бил пронајден на улица во близина на Шибуја.
Во март 2011-та, научниците конечно ја открија и причината за неговата смрт – кучето имало терминален рак и филаријаза.
По неговата смрт, Хачико бил кремиран, а неговата пепел била закопана покрај гробот на професорот Уено. Крзното на Хачико бил зачувано и сега се наоѓа во Националниот научен музеј во Токио.
Спирова С. | Црнобело