Најотровните животни кои постојат
Животните се навистина прекрасни суштества за чија заштита и опстанок треба да се бориме.
Сепак, постојат некои опасни животни што треба да се избегнуваат во широк опсег.
Откријте кои се најтоксичните животни на планетата... Ако случајно ги видите, бегајте!
Водена змија
Се работи за водена змија Белкер која живее во Индискиот Oкеан, на Тајланд и на Филипините. Живее блиску до коралите и не напаѓа доколку не се чувствува загрозено.
Доколку ве гризне имате помалку од 30 секунди пред да умрете.
Транспарентна скорпија
Deathstalker скорпијата може да се види во Северна Африка. Истата е одговорна за 75% од сите смртни случаи предизвикани од убоди од скорпии во светот.
Возрасните лица обично доживуваат остра болка, додека децата остануваат парализирани.
Набргу потоа, белите дробови се полнат со вода, а жртвата умира.
Бразилски пајак
Истиот се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најтоксично животно на планетата. Само една капка отров од ова опасно и агресивно суштество е фатално.
Бразилскиот пајак често се крие во темните делови од куќата, што ги става луѓето во опасност.
Октопод со сини ознаки
Обично се крие во песокот кај коралните гребени во Тихиот Океан. Отровот на овој октопод е толку опасен што може да убие 25 луѓе за неколку минути.
Не постои противотров, така што единствениот спас е непосредно обезбедување на вештачко дишење.
Тркалезна риба
Таканаречената „Pufferfish“ е смртоносна за другите риби, а особено за луѓето. Содржи тетродотоксин, што е 1.200 пати посилен од цијанид.
Засега нема противотров, а она што е најинтересно е што оваа риба се јаде во некои луксузни ресторани. Очигледно, само готвачи со посебна лиценца можат да ја подготвуваат.
Шарена жаба
Иако е еден од најубавите водоземци, поради неговата исклучително сина, зелена, жолта или црвена боја, оваа жаба е крајно токсична. Само една жаба има доволно отров за да убие 10 возрасни мажи.
Затоа нејзиниот отров го користеле некои племиња за да ги премачкаат врвовите на своите стрели.
Ашера | Црнобело