Кученце со 6 нозе посвоено од тинејџер што го задевале на училиште
„Ру му помага на мојот син да се справи со стресот и така му се подобрува неговата здравствена состојба. Тие се неразделни“, открива мајката на тинејџерот.
Мајката на 15-годишниот Лук од Англија посвоила кученце со 6 нозе за својот син. Таа открива дека нејзиниот син бил задеван на училиште поради проблемите со псоријазата.
Лук го забележал 8-месечното кученце на интернет и видел дека му е потребен дом.
„Лук сочувствуваше со кученцето поради неговата состојба и сега има најдобар пријател, кој исто како и тој е поинаков од другите“, изјави мајката на Лук.
Кученцето го крстиле Ру и Лук на него му е како татко кој го штити од секого и од сè. Тие не се делат ниту на спиење.
С. С. | Црнобело