Зошто пчелите се неопходни за светот и како да го спречиме нивното истребување?
Досега сигурно имате слушнато дека пчелите се загрозен вид. Претераната и неправилна употреба на пестициди, одредени паразити климатските промени и човечките изуми се само некои од факторите што придонесоа во намалувањето на нивниот број.
Според научниците, доколку овој тренд продолжи, може да значи и крај на човештвото.
Но која е важноста на пчелите? Зошто толку многу зависиме од нив? И најважното, дали има начин да ги тргнеме од листата на загрозени видови?
Дознајте повеќе во продолжение.
Пчелите се одговорни за третина од опрашувањето ширум целиот свет
Пресметано е дека една третина од храната што ја консумираме зависи од опрашувањето. Опрашувањето, пак, воглавно зависи од пчелите, но и од дури инсекти и птици.
Овошките и зеленчуците кои „зависат“ од пчелите се авокадо, соја, сусам, краставици, цитрусни овошја, киви, цреши, боровинки, аспарагус, брокула, целер…
Помагаат во опрашувањето и на други растенија
Опрашувањето е важен процес и за други растенија, како на пример памукот или кафето. Покрај тоа, пчелите ги опрашуваат и растенијата како детелината, кои пак се користат за исхрана на добитокот.
Кога ќе се земе сето ова предвид, храната на речиси сите животински видови зависи од пчелите.
Знак за здрав екосистем
Во екосистем каде што има пчели, нештата се одвиваат природно, без потреба од интервенција од човек. Токму опрашувањето на пчелите е „виновно“ за генетската разновидност на цветовите, но и на разни овошки и зеленчуци.
Тие се економска сила
Според Британската асоцијација на пчелари, пчелите придонесуваат околу 185 милиони долари годишно, и тоа само во Велика Британија.
Како што напоменавме, многу видови храна зависат од пчелите. Дури и ако пчелите не опрашуваат некое растение, тоа има индиректни придобивки од околина со биодиверзитет.
Тие се највредните суштества
Знаевте ли дека пчелите имаат „општествено“ уредување и секоја од нив си има своја улога? Има пчели чистачи кои се задолжени за чистење на гнездото. Постојат медени пчели кои го произведуваат мед.
Потоа има пчели кои го градат саќето, пчели кои собираат храна, пчели чувари и пчели кои предизвикуваат воздушно струење за да го дехидрираат нектарот. Тие живеат во заедница од околу 15.000 до 18.000 пчели.
Ја прават планетата убава
Веќе кажавме дека пчелите се одговорни за опрашувањето, па доколку ги нема, ќе нема ни цветови. Покрај тоа, секој опрашен цвет станува безбедно засолниште за други инсекти или птици.
Тие се најважните инсекти
Според институтот EarthWach, пчелите се најважните инсекти што постојат. Наводно, речиси 250.000 видови растенија и цветови зависат од нив.
Покрај тоа, економската вредност на опрашувањето од пчелите е пресметана на околу 130 милијарди евра. Изгледа дека светот без пчелите е незамислив, но постепено се движиме кон тоа ако продолжиме со несовесноста.
Произведуваат и други нешта
Пчелиниот восок е најчистата и најприродната супстанца. Покрај тоа, пчелите се одговорни и за пчелиниот полен, како и прополисот.
Како да го спречиме истребувањето на пчелите?
Бидејќи ситуацијата со пчелите станува алармантна, добро е и вие да придонесете во нивната заштита.
Постојат неколку работи што можете да ги направите:
- Засадете локални цветови во градина, парк или на вашиот балкон.
- Избегнувајте ги хемиските пестициди и правете домашни. Можете да го направите тоа со лук или пипер.
- Немојте да ги уништувате кошниците на пчелите.
- Доколку забележите пчела во опасност, пчела која се дави или која е заглавена, најдобро е да ја „вратите во живот“ со малку вода и мед.
- Доколку имате двор или тераса, направете мала фонтана за пиење. Доволно е во сад да ставите малку вода и неколку камења.
- Кога сте во можност, консумирајте локални органски продукти.
Спирова С. | Црнобело