Терапија со кучиња - хотел каде може да си играте со спасени миленичиња
Ги спасуваат, им обезбедуваат кров над глава, им помагаат да ги надминат траумите и им дозволуваат на гостите да си играат со спасените кучиња - постои ли подобар одмор од овој?
Единствениот проблем е што во таквиот одмор може да уживаат само оние кои ќе одат на Бали...
Puri Garden Hotel & Hostel се наоѓа на Бали, а им овозможува неограничена игра и галење на оние на кои никогаш не им е доста од време поминато со кучиња.
Покрај прекрасната градина со лежалки, базенот и јога сесиите, хотелот го цени времето поминато со животни, па двапати неделно нудат и терапија со кучиња покрај базен.
Кучињата кои немале среќна судбина се спасени и донесени во овој хотел, каде гостите може да си играат со нив и да уживаат во мирот.
„Моите гости прават кучињата да се чувствуваат посмирено бидејќи многу од нив се трауматизирани. Терапијата им помага и на нив да се социјализираат повторно и да сеткнат верба во луѓето, бидејќи локалците се однесувале со нив лошо. Исто така, гостите имаат одлична можност да поминат време во галење и играње со малечките кучиња, а тоа ги подготвува кучињата за вдомување.“ – изјавил сопственикот на хотелот.
Одлична идеја со која кучињата се спасуваат, негуваат и имаат место за живеење додека не најдат некој што ќе ги вдоми.
Веројатно треба да постојат повеќе вакви места во светот:
https://www.instagram.com/p/By2jEWCg7kr/
https://www.instagram.com/p/By2X_5KFVAe/
https://www.instagram.com/p/ByFW3S2HP_v/
М. М. | Црнобело