Добро е да се знае: Сигнали коишто ги дава кучето пред да нападне човек

Причините за едно куче да се однесува агресивно може да бидат најразлични, но пред сè треба да внимаваме како се однесуваме кон кучето, односно да бидеме добро информирани за тоа како кучињата покажуваат знаци кои навестуваат агресија.

Signali-koisto-gi-dava-kuceto-pred-da-napadne-covek-01.jpg

Првиот показател којшто кучето ќе го употреби е обидот да се оддалечи од изворот на стрес. Ќе ги спушти ушите надолу и ќе си отиде. Доколку не му дозволат да си оди тоа ќе се припие кон телото на сопственикот и ќе ја подвие опашката. Ќе биде целосно скаменето и ќе гледа во еден правец. Но доколку и понатаму сме упорни и ги игнорираме овие знаци, кучето ќе почне да ’ржи.

Ржењето покажува предупредување и затоа не е добро да се казнува кучето што ’ржи, туку треба да се оддалечи од него. Покажување на забите и нивно притискање е уште еден знак којшто му претходи на каснувањето, а воедно тоа е и последниот знак за предупредување. Потоа следи каснувањето.

Секако, треба да се биде претпазлив во секое време, бидејќи кај некои кучиња преоѓањето од една во друга фаза на предупредување може да биде многу брзо, а кај некои ги нема вообичаените облици на предупредување.

Стручните лица предупредуваат дека казнување на кучето додека ’ржи доведува до прескокнување на сите сигнали на предупредување, па така брзо доаѓа до агресија.

Затоа не го казнувајте кучето кога е уплашено и кога ’ржи, туку препознајте ги знаците и дозволете му да се оддалечи од објектот на страв.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg