Хумани доктори: Лав со рак на кожа примил терапија во болница за луѓе
16-годишниот лав од Јужна Африка е тежок 258 килограми, но и покрај тоа 5 радиолози и еден онколог се одлучија да му помогнат.
Лав, тежок 258 килограми, бил внесен во болница и му била дадена радиотерапија.
16-годишниот лав од Јужна Африка боледува од рак на кожата, а немало соодветна установа за животни каде ќе го добие третманот.
Тој бил внесен во болницата за луѓе во несвесна состојба и му била врзана устата како мерка за безбедност. Инаку, лавот живеел во засолништето за животни „Lory Park“, а одговорните од таму велат дека им бил како дете и иако третманот бил скап се одлучиле да му помогнат.
Околу него биле ангажирани 5 радиолози и еден онколог. Овие хумани доктори велат дека поради љубовта кон животните се регистрирале и како установа за медицинска помош на животни, но дека кога лавот дошол организирале да нема луѓе пациенти во болницата.
Лавовите во природата во просек живеат околу 14 години, а во заробеништво околу 22, па се очекува третманот кој ќе трае еден месец да му ја подобри здравствената состојба на овој лав и да му го продолжи животниот век.
С. С. | Црнобело