Свињи, гуштери, стаорци: Жена има спасено 90 животни и живее и спие со нив
Таа има специјално направен кревет, широк 3 метри, за дел од милениците да може да спијат со неа.
Андри Рејчел (31) својот дом во Атланта го дели со 90 животни. Таа работи како шетач на кучиња, но во својот дом покрај кучиња има и свињи, кокошки, папагали, коњи, питон, стаорци, гуштери и низа други животински видови.
Животните ги крстила според ликовите од Lord Of The Rings, а во домот има специјален кревет широк 3 метри, каде може дел од животните да спијат со неа.
Таа дава огромна сума на пари за храна за милениците и прегледи на ветеринар, но вели дека не би можела да си го замисли животот без нив. Рејчел уште како дете обожавала животни.
Во домот има поставено камери за и кога не е дома да може да гледа што прават животните кои ги има спасено и им има дадено дом.
Рејчел со нејзините миленици:
С. С. | Црнобело