Чудни навики кои кучињата ги имитираат од своите сопственици
Секој кој чува куче во одреден момент забележува дека тоа веќе е рамноправен член на семејството, со слични навики како и луѓето кои го чуваат.
Бенефитите од чување домашни миленици се многубројни, без разлика за какво животно и да се работи.
Но, кога се во прашање кучињата, вашиот миленик е способен набљудувач кој знае да направи визуелна разлика во вашето однесување и да го имитира она што е добро. Колку повеќе повторувате некоја акција, толку е поверојатно дека и тоа ќе ја прифати од вас.
Ова се неколку интересни навики кои ги имитираат од вас:
Се однесуваат како да разговараат
Ако повишите тон, тогаш кучето ќе лае или ќе завива погласно, а кога сте смирени ќе биде смирено и тоа.
Некои раси умеат да имитираат звуци како што се смеењето или плачењето. На моменти ќе ви се чини дека со нив дури и ви враќа кога зборувате.
Спијат како вас
Додека мачките чекаат да си легнете, за да почне нивниот активен живот, кучињата е поверојатно дека ќе спијат кога спиете и вие. Тие дури и ќе имаат попладневна дремка во исто време со вас.
Огладнуваат кога и вие
Ако сте развиле навика да ги храните кога јадете и вие, тогаш по кратко време кучето ќе почне да чувствува глад во вообичаеното време кога го јадете ручекот или вечерата.
Расположени се исто како вас
Кога сте среќни, ќе забележите дека кучето скока околу вас и сака да си игра. Но, ако сте тажни, тоа е тука, до вас, и целосно сочувствува со вашата состојба.
Како покажува приврзаност
Гледајќи ве вас како се грижите и за семејството, но и за него, кучето почнува да го имитира и тоа однесување. Затоа, не се чудете ако сака да си легне до вас или до вашите деца или ако се исправи на две нозе и сака да ве гушне.
Ги сака истите луѓе како и вие
Ако кон некого негувате почит и љубов, кучето тоа го гледа и го искажува. Исто е и кога покрај нив има некого кој не ви се допаѓа вам.
Е. Д. | Црнобело