Важни животни лекции на кои може да ве научи грижата за вашето милениче
Миленичињата се за да ги сакаме силно и безусловно и истото да го добиваме од нив. Да го гледаме кучето како мафта со опашката кога и да нè види или да уживаме додека мачката преде кога ја галиме.
Но, дали некогаш сте помислиле дека токму од овие животни кои ви го разубавуваат животот, можете да научите и важни лекции?
На крајот на денот, вие сте практично нивни старатели, но и тие се грижат за вас.
Што сè можете да научите од вашето сакано пријателче?
Важноста на физичките врски
Со вашето милениче создавате физичка врска за време на галењето. За возврат добивате уште повеќе љубов и приврзаност, а тоа позитивно влијае врз вашата општа ментална состојба.
Моќта на физичката активност
Без разлика дали го шетате вашето куче или се обидувате да ја уловите мачката за да ја изгушкате, вие имате дополнителна физичка активност која ве исполнува со енергија. Ова го немаат оние кои чуваат пасивни миленици како риби, папагали или хрчаци.
Да бидете смирени под притисок
Дури и кога сте најтажни, најанксиозни и сте под голем стрес, близината со вашето милениче ќе ви помогне да се ослободите од голем дел од тој емотивен товар.
Како да бидете лидер
Со помош на животните учите што треба да им дадете за да бидат послушни. Колку и да звучи брутално, истото важи и за луѓето. Потребна им е стимулација за да бидат послушни и да слушаат наредби.
Е. Д. | Црнобело